Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грција, Јанис Малукос

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грција, Јанис Малукос

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција во нашата земја, Јанис Малукос.

Министерот Муцунски му посака успешна мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи уверување дека неговото дипломатско искуство и личен ангажман ќе придонесат за унапредување на политичкиот дијалог и добрососедските односи меѓу двете земји кои се непосредни соседи и НАТО-сојузници.

Тој се заблагодари грчката поддршка на нашиот ЕУ-интегративен процес и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Во тој контекст, ја потврди посветеноста на нашата Влада за целосно спроведување на европската реформска агенда подготвувајќи ја земјата за целосно ЕУ-интегрирање во согласност со Копенхагенските критериуми.

Соговорниците, изразија заемна подготвеност за натамошно зајакнување на билатералната соработка, особено преку проектите за инфраструктурно и енергетско поврзување, како и внесување на нова динамика во економската соработка и соработката во областа на културата и туризмот.

Мени за пристапност