На маргините на Меѓународниот саем на книгата во Абу Даби, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, учествуваше на панелот „Улогата на културната дипломатија во градењето мостови на соработка и односите меѓу луѓето“.
Во обраќањето, Палашевски истакна дека литературата, образованието, уметноста и културното наследство се моќни инструменти за заемно разбирање и градење доверба. Тој повика на поинтензивна соработка меѓу издавачите, писателите, преведувачите, универзитетите и културните институции, како и на поголема поддршка за преводот и промоцијата на македонската и арапската литература.
Палашевски ги издвои литературата, образованието, културното наследство, филмот, туризмот и креативните индустрии како области со значителен потенцијал за продлабочување на соработката меѓу нашата земја и Обединетите Арапски Емирати.
„Најсилните меѓународни односи се градат преку разбирање, доверба и непосредна човечка поврзаност“, порача државниот секретар Палашевски.