Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Н.Е. Јарослав Лудва

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Н.Е. Јарослав Лудва

На 23 јули 2026 година, државниот секретар во министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Јовица Палашевски оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Скопје,  Н.Е. Јарослав Лудва.

Соговорниците ја поздравија позитивната динамика во развојот на билатералните односи и ја истакнаа важноста од продолжување на редовната комуникација на политичко и институционално ниво. Посебно внимание беше посветено на можностите за продлабочување на секторската соработка, со акцент на економијата, инвестициите и трговската размена, како и на пренесувањето на чешките искуства и знаења во области од заемен интерес.

Државниот секретар Палашевски се осврна на напредокот на нашата земја во пристапниот процес кон Европската Унија со фокус на реформската агенда. Воедно, тој изрази благодарност за силната и континуирана чешка поддршка во евроинтегративниот процес на нашата земја, како билатерално, така и во рамки на Вишеградската група, групата „Пријатели на Западен Балкан” и Славков трилатералата.     

Амбасадорот Лудва изрази уверување дека конзистентната чешка поддршка за напредокот на земјата кон членство во Европската Унија ќе продолжи и во претстојниот период.

Мени за пристапност