Државниот секретар во министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари работна средба со извршниот директор на фондацијата ,, Македонија 2025 “, проф. Никица Мојсоска - Блажевски.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на идната соработка со посебен акцент на заедничките проекти насочени кон македонската дијаспора и поттикнување на иницијативи од заеднички интерес.
Од страна на државниот секретар Палашевски беше изразена посветеноста на министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и на Владата, за спроведување и реализација на стратешките определби во поглед на дијаспората.
Скопје, 24 јули 2026