Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, на маргините на Економскиот форум во Карпач оствари средба со заменик-маршалот на Сенатот на Република Полска, Михал Камињски.
На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и заемната подготвеност за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и билатералната соработка.
Државниот секретар Палашевски изрази благодарност за континуираната поддршка на Полска за европската интеграција на Северна Македонија. Соговорниците ја нагласија важната улога на парламентарната дипломатија во унапредувањето на меѓудржавните односи, меѓусебното разбирање и соработката во рамките на европските и евроатлантските процеси.
Воедно, беше нагласена потребата од натамошно унапредување на економската соработка и поефикасно искористување на постојните потенцијали меѓу двете земји.
На крајот беше изразена заедничка подготвеност за натамошно интензивирање на контактите и соработката меѓу Северна Македонија и Полска.