Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска Биондиќ, денес оствари прва средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, со што уште еднаш беа потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Зомер, државниот секретар Кузмановска Биондиќ изрази уверување дека досегашната плодна соработка и блиските пријателски односи кои ги негуваат двете земји и народи ќе продолжат да се унапредуваат и за време на неговиот мандат.

На средбата беше искажано заемно задоволство од долгорочната меѓусебна соработка и швајцарска поддршка во рамки на швајцарската развојна програма, со акцент на новата развојна стратегија за периодот 2025-2028, чија цел е да ги поддржи македонските реформи за европска интеграција и одржлив развој преку јакнење на демократските институции, поттикнување на зелен економски раст, зголемување на отпорноста на климатските промени, притоа промовирајќи одржливо управување со природните ресурси.  

Мени за пристапност