Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со пратениците од Групата за пријателство со Република Северна Македонија при шведскиот парламент, предводена од претседателката на групата, Лота Јонсон Форнарве.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, можностите за зајакнување на парламентарната соработка, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања од заемен интерес.
Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната поддршка на Шведска во процесот на европска интеграција на нашата земја и истакна дека постоењето на активни групи за пријателство во парламентите на двете држави претставува одлична платформа за зајакнување на дијалогот, размена на искуства и промовирање на конкретна соработка меѓу законодавните тела.