Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи

Средба на министерот Муцунски со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Северна Македонија, со седиште во Тирана, Фаисал Гази Исмаил Хифзи.

За време на средбата, министерот Муцунски ја истакна цврстата заложба за подигнување на нивото на пријателските македонско-саудиски односи и унапредување на севкупната билатерална соработка, во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Во тој контекст беше спомената и одлуката на Владата за отворање на резидентна амбасада на нашата земја во Ријад, како и очекуваните претстојни посети на високо ниво меѓу двете држави.

Амбасадорот Хифзи го истакна интересот на Владата на Кралството Саудиска Арабија за продлабочување на заедничката соработка во сите сфери од заемен интерес. Дополнително, на министерот Муцунски му беше предадена официјална покана за учество на нашата држава на ЕКСПО 2030, што ќе се одржи во Ријад.

Мени за пристапност