Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно понатамошно продлабочување во повеќе области од заемен интерес.
Акцентот на разговорите беше ставен на евроинтегративниот процес, реформите и силната поддршка што Германија ѝ ја дава на Република Северна Македонија на тој пат.
Соговорниците разменија мислења за тековните реформски процеси и за идните можности за продлабочување на соработката во економијата, трговијата, инвестициите и други области кои придонесуваат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете држави.