Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со заменик регионалниот директор за операции во Регионалната канцеларија на ИОМ за Европа и Централна Азија, Драган Алексоски

Средба на министерот Муцунски со заменик регионалниот директор за операции во Регионалната канцеларија на ИОМ за Европа и Централна Азија, Драган Алексоски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Драган Алексоски, заменик регионален директор за операции во Регионалната канцеларија на ИОМ за Европа и Централна Азија, на која се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува земјата во справувањето со миграцијата, како прашање од глобално значење.

„Во 2018 година, со приклучувањето кон првиот Глобален компакт на Обединетите нации за безбедна, уредна и редовна миграција, нашата земја се обврза да соработува во сите димензии на меѓународната миграција. Затоа, миграциската политика на државата ги обединува сите релевантни аспекти на политиките – и во однос на легалните миграциски текови, и во однос на справувањето со нелегалната миграција. Нашата миграциска политика посебно внимание посветува на визниот режим, поддршката и заштитата на македонските граѓани во странство, регулирањето на престојот и вработувањето на странци, релевантните правни аспекти, како и на билатералната и мултилатералната соработка“, истакна министерот Муцунски.

На средбата се разговараше и за клучните приоритети на државата во насока на ефикасно управување со миграцијата, особено во делот на раното откривање и спречување на нелегалните преминувања и движења по балканската рута.

Министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за работата на Канцеларијата на ИОМ и истакна дека само преку взаемна соработка, размена на информации и споделување на искуства може да се придонесе кон поуспешно справување со миграцијата, во интерес на заштита на сите засегнати страни.

Мени за пристапност