Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Државата Кувајт, Гази Хамед Ал-Фадли

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Државата Кувајт, Гази Хамед Ал-Фадли

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Државата Кувајт во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Гази Хамед Ал-Фадли.

На средбата беа разгледани актуелните состојби и можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на зајакнувањето на политичкиот дијалог и економската соработка, вклучително и можностите за кувајтски директни инвестиции во Република Северна Македонија.

Соговорниците ја истакнаа важноста од интензивирање на контактите и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, вклучително економијата, парламентарната соработка, туризмот, здравството и образованието.

Притоа, министерот Муцунски изрази подготвеност за натамошно продлабочување на односите со Кувајт и за реализација на конкретни иницијативи и партнерства од заемен интерес. 

Мени за пристапност