Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со претставници на Сенатот и Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави

Средба на министерот Муцунски со претставници на Сенатот и Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со претставници на Сенатот и Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, кои се дел од програмата „Balkans Forward Congressional Fellows“ на Атлантскиот совет.

На средбата беше потврдена силната и традиционално блиска соработка меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Министерот Муцунски ја претстави работата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и на Владата, како и клучните надворешнополитички приоритети на државата. Тој нагласи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, паралелно со активната и одговорна улога во НАТО и натамошното унапредување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Осврнувајќи се на развојот на билатералните односи во изминатите три децении, министерот Муцунски ги истакна традиционално добрите односи со Соединетите Американски Држави и значењето на стратешкото партнерство за безбедноста и демократскиот развој на државата, како и стабилноста на регионот и пошироко. 

На средбата стана збор и за актуелните геополитички предизвици, при што беа разменети мислења за евроатлантската перспектива на Западен Балкан, регионалната стабилност и пошироката евроатлантска безбедност.

Мени за пристапност