Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со високиот Комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со високиот Комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес оствари средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, амбасадорот Кристоф Камп.

На средбата беше потврдена важноста на континуираната соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства, особено во насока на натамошно унапредување на меѓуетничките односи, заштитата на правата на припадниците на заедниците и зајакнувањето на општествената кохезија.

Заменик министерот Димитровски ја истакна посветеноста на нашата земја на принципите на мултикултурната демократија, еднаквоста, инклузивноста и почитување на различностите, нагласувајќи ја важноста на Охридскиот рамковен договор за негување на позитивна клима во меѓуетничките односи и вклученост на сите заедници во општествениот и институционалниот живот.

Во разговорот беше изразена подготвеност за продолжување на конструктивната соработка со Канцеларијата на Високиот комесар, вклучително и преку експертска поддршка и спроведување на релевантните препораки, со посебен акцент на образованието, меѓукултурниот дијалог, младинското учество и социјалната кохезија.

Во овој контекст, Димитровски го подвлече одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа, истакнувајќи ја важноста на образованието и суштинската вклученост на младите во градењето европска иднина.

На средбата беше реафирмирана нашата подготвеност за продолжување на соработката со ОБСЕ и Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства.

Мени за пристапност