Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Зоран Димитровски на 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста „Jumbo“ во Скопје

Заменик-министерот Зоран Димитровски на 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста „Jumbo“ во Скопје

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Зоран Димитровски, учествуваше на 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста „Jumbo“, што се одржува во Скопје, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) и Министерството за внатрешни работи на Италија, а во партнерство со Владата на Република Северна Македонија.

Конференцијата ќе опфати дискусии на високо ниво за придонесот на Западен Балкан кон побезбедна Европа, како и за зголемувањето на довербата во институциите, отпорноста и регионалната координација во справувањето со организираниот криминал, корупцијата, миграциите, родово-базираното насилство, како и сајбер и хибридните закани.

На панелот „Regional Security Outlook: Trends and EU Integration – Shared Security, Shared Future“, заменик министерот, Димитровски, говореше за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и значењето на интеграцијата на Западен Балкан во овој контекст. Тој посочи дека новиот геополитички момент бара зголемена координација и солидарност меѓу европските држави, како и поголемо вклучување на регионот во стратешките политики на Унијата.

„По три децении на промени и транзиција, регионот на Западен Балкан денес повеќе од било кој друг дел на Европа ја цени вредноста на мирот. Денес нашиот регион емитира надеж и е подготвен токму таа надеж да ѝ ја подари на Европа,“ истакна заменик-министерот Димитровски.

Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан можат суштински да ја поддржат стратешката автономија на Европската унија, преку зајакнување на оперативната соработка, здружување на капацитетите и поттикнување на индустриско - воена соработка. Димитровски предупреди дека остварувањето на овие цели ќе остане ограничено доколку Унијата не донесе јасна и стратешка одлука за интеграција на целиот регион.

„Оставањето на ‘сиви зони’ и безбедносни празнини на Западен Балкан не е во интерес на Европа. Интеграцијата на целиот регион е геополитичка одлука од стратешко значење за стабилноста и иднината на целиот континент,“ порача заменик-министерот.

Мени за пристапност